АК Олимп ,,гази" - нови признанија на трката во Лозово!

АТЛЕТИКА

10/14/20261 min read

Две победи и едно второ место за АК Олимп во Лозово.

Одлични настапи на атлетичарите на АК Олимп на традиционалната трка во Општина Лозово, организирана по повод празникот 11 Октомври.

Ова се резултатите со кои се пофали АК Олимп:

Григоријан Никовски – 1. место во машка конкуренција 14.17 км – 46:23
Адријана Поп Арсова Рашиќ – 1. место во женска конкуренција 14.17 км – 56:54
Дарија Крстевска – 2. место во женска конкуренција 14.17 км – 1:00:45

Уште еден успешен натпреварувачки ден за АК Олимп со три места на подиумот.