АК Олимп продолжува да блеска: Нови одлични настапи на нивните атлетичари

АТЛЕТИКА

10/19/20261 min read

Над 1.100 учесници беа дел од годинашното издание на спортската манифестација „ЧЕ ТРЧАМЕ“ во Прилеп, а Атлетскиот клуб Олимп од Битола продолжува со успешни настапи на регионалните трки.

Изминатиов викенд, атлетичарите на АК Олимп уште еднаш имаа одлични трки и го продолжија својот тренд ,,пијадестал". Покрај Григоријан Никовски кој освои прво место на 5 километри, Димитар Илиев го освои второто место на 10 километри, Ирма Хајдари го освои второ место на 5 километри и Адријана Поп Арсова Рашиќ го освои второто место на 10 километри.

Со ваквите настапи, АК Олимп постепено го гради својот нов натпреварувачки циклус и амбиции за новата сезона.