АЛАРМОТ Е ВКЛУЧЕН: Македонија нема дадено гол 607 минути, 10 натпревари сме без победа..
ФУДБАЛ
9/29/20261 min read


Црната резултатска серија на фудбалската репрезентација на Македонија продолжи и на гостувањето кај Словенија. Македонските фудбалери одново беа немоќни, овој пат беа поразени од просечната селекција на Словенија без најдобриот играч Шешко.
Дуелот во Љубљана беше десетти за Македонија во низа без победа, а последениот триумф го имавме на 7 септември 2025 година, кога во квалификациите за пласман на Светското првенство, во Скопје славевме над Лихтенштајн со убедливи 5-0.
Македонија под водство на Седлоски има катастрофална гол разлика од 0-13. Загрижувачки е и фактот дека Македонија нема постигнато гол на последните шест натпревари, односно повеќе од 10 часа или точно 607 минути.
Навистина жално, страшни се овие црни бројки..
