АЛАРМОТ Е ВКЛУЧЕН: Само ние и Сан Марино немаме шут во рамката од голот!

ФУДБАЛ

9/27/20261 min read

Македонската фудбалска репрезентација имаше бледо издание против Швајцарија и загуби со 0-3 во првиот меч од Б-сегментот во Лигата на нации.

Дека одигравме катастрофален дуел, можеби и најлош во последните неколку години покажува и овој статистички податок. Имено, Македонија е во друштво на Сан Марино, ова се двете репрезентации кои не упатиле ниту еден единствен шут во рамката на голот на противничкиот тим во првото коло.

Навистина ова е многу разочарувачка вест, многу црна, многу лоша.. но што е тука е, само со напорна работа ова може да се поправи, а новиот тест е веќе во вторник во Словенија.