Алиоски: Лесно е да се критикува, најважно е да научиме од грешките
ФУДБАЛ
10/7/20261 min read


Езгјан Алиоски се врати во стартниот состав на репрезентацијата, а по натпреварот кажа дека им е тешко по новиот пораз, но мора да учат од грешките.
„Тешко ни е по овој пораз. Покажавме дека имаме квалитет и дека можеме да играме фудбал. Лесно е да се критикува, но селекторот им даде шанса на сите и мора да научиме каде грешевме. Сигурно е дека овој тим има квалитет, тоа го покажавме во првиот дел. Можеме да парираме со секого. Резултатот тоа не го покажува, но грешките против ваквите селекции се казнуваат. Не е лесно потоа да се вратиш, но важно е дека имаме верба и првите 45 минути треба да ни бидат водилка и пак ќе се вратиме во победнички ритам“, рече Алиоски.
Следува одмор, па за еден месец уште два дуели.
