Анализа: Дали слабата форма на Мануел Аканџи може да биде предност за Македонија?

ФУДБАЛ

9/25/20261 min read

Утревечер во Скопје започнува новиот циклус квалификации во Лигата на нации за македонската фудбалска репрезентација. Утревечер четата на Седлоски ќе истрча на нашиот најголем стадион против фаворизираната селекција на Швајцарија која иако е фаворизирана се соочува со неколку проблеми пред овој дуел.

Шансата за Македонија ќе треба да ја бараме преку швајцарските sвезди кои знаат да играат фудбал, но кој имаат одредени проблеми во овој момент односно не се во фудбалска форма. Ова најмногу се мисли на дефанзивецот на Интер и командант на одбраната на Швајцарија, Аканџи. Стоперот на Интер во овие моменти не игра на посакуваното ниво во својот тим, а дека овој играч не е во формата од минатата година ја потврдуваат и италијанските весници кои исто така го увидоа овој проблем. Веќе од пред неколку денови е познато дека во тимот ќе го нема главниот креатор на играта, Џака што е проблем за противникот секако.

Сега останува прашањето отворено, дали утре нашите напаѓачи ќе успејат во својата намера против споменатиот дефанзивец и останатите швајцарци, останува да видиме. Според последните информации од таборот на Македонија, Растодер ќе стартува во шпицот на нападот, кој има предност пред Омерагиќ. Да напоменеме дека и Миовски исто така не е во некоја гол форма во овој момент.

Останува да го сочекаме утрешниот натпревар и да видиме како ќе делуваат на теренот актерите, посебно споменатите. Инаку, дуелот на овие две селекции ќе биде одигран од 20:45 часот. Билети се уште има во слободна продажба во голем број.