Ау, како брани Мартин Томовски: 14 одбрани, овој пат против германскиот великан Фуксе Берлин!!

РАКОМЕТ

10/5/20261 min read

Мартин Томовски продолжува да го привлекува вниманието со своите одлични настапи во германската Бундеслига. Македонскиот репрезентативен голман повторно беше меѓу најдобрите поединци на Битигхајм, овојпат во тесниот пораз од големиот фаворит Фуксе Берлин со 31-32.

Македонецот натпреварот го заврши со 14 одбрани, потврдувајќи ја одличната форма во која се наоѓа во последниот период. Томовски претходно имаше блескаво издание и против Магдебург, кога запиша дури 16 интервенции. Неговите настапи сезонава се едни од светлите точки за Битигхајм, а статистиката дополнително го потврдува тоа.

Браво и само напред му посакуваме на македонскиот голман во најсилната лига на светот.