Баџо не го вброи Јамал меѓу тројцата најдобри млади фудбалери во светот!

ФУДБАЛ

11/2/20261 min read

По Лука Модриќ, уште една голема фудбалска легенда му оддаде признание на младиот Керим Алајбеговиќ, фудбалскиот репрезентативец на Босна и Херцеговина.

Овојпат тоа го стори легендарниот Италијанец – Роберто Баџо, кој го стави овој фудбалер на третото место во својот избор за трофејот „Копа“.

Баџо, освојувачот на „Златната топка“ во 1993 година, на првото место во својот избор го стави дефанзивецот на Барселона, Пау Кубарси, додека втората позиција му ја додели на младиот германски фудбалер Ленарт Карл од Баерн.

Третото место му припадна на Алајбеговиќ, што претставува големо признание за 19-годишникот.

Особено е интересно што Баџо не го вклучи Ламине Јамал меѓу тројцата најдобри млади фудбалери во светот, иако Шпанецот го освои трофејот „Копа“ трета година по ред.

Трофејот „Копа“ му се доделува на најдобриот млад фудбалер во светот, а за победникот одлучуваат поранешните добитници на „Златната топка“.