Блесок на Дарко Велковски во ЛШ!

ФУДБАЛ

9/17/20261 min read

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски се адаптира на фудбалот во Азија, тоа го докажа со последниот настап во азиската Лига на шампиони 2, второто по ранг натпреварување на континентот.

Неговата Ал-Калидија дојде до реми против Назаф Ќарш од Узбекистан. Мечот заврши 0-0, а Велковски блескаше на теренот, ги доби сите дуели со противничките офанзивци и ја доби наградата играч на натпреварот.

Македонецот имаше највисока оценка на теренот од сите актери, заврши со рејтинг 7,7 и го понесе епитетот на најдобар. Добар старт за Велковски во Бахреин, но и за неговиот тим во ЛШ 2.