Браво! Барди: Ова е наш дом, ветувам дека ќе оставиме срце на терен!!!

ФУДБАЛ

9/25/20261 min read

​Енис Барди порача дека Македонија има сѐ што е потребно за да приреди изненадување во утрешниот дуел. Оптимистички говор на Барди нема што, а и таков треба да биде!

„Подготвени сме да го дадеме максимумот, како и секогаш. Очекувам преполни трибири бидејќи играме на нашиот стадион, пред нашите луѓе, а тоа мора да ни донесе дополнителен мотив. Ова е нашиот дом и така треба да се поставиме од првата минута. За нас е најважно да го зачуваме својот идентитет и неприкословениот борбен дух. Поддршката никогаш не изостанала, а ние ветуваме дека ќе го оставиме срцето на теренот“, истакна Барди.

Да навиваме утре за Македонија, за голема победа!