БРАВО МОМЧЕ: Рустемовски на чекор до медал на Европското боксерско првенство во Софија!!

ОСТАНАТО

9/22/20261 min read

Најдобриот македонски боксер Ален Рустемовски се пласира во четвртфиналето на Европското првенство во бокс што се одржува од 18 до 25 септември во Софија, откако во второто коло од категоријата до 60 килограми славеше со убедливи 4:1 над Вилијам Хјуит од Англија.

Европскиот вицешампион до 23 години од Ереван 2025 и „бронзен“ од Медитеранските игри во Таранто неодамна, кој на стартот го декласира Беник Мелкумјан од Луксембург со 5-0, в среда ќе ги вкрсти ракавиците со Артур Базејан од Ерменија во битка за полуфиналето, кое обезбедува најмалку бронзен медал.

„Многу сум среќен и задоволен како ја истерав втората борба. Првата ми беше многу потешка, втората, да речам, малку полесна. Ќе дадам сè од себе да освојам медал за Македонија. Им благодарам на сите што ме поддржуваат и се гледаме во четвртфинале“, изјави 22-годишната голема надеж на благородната вештина во Македонија од Битола.