БРАВО! Ведрана Тунески од ТК Бутел со сребрен медал на Европското Гранд при (Е6)

ОСТАНАТО

10/19/20261 min read

Ведрана Тунески (-51 кг) кадетска конкуренција со три големи победи стигна до големото финале на Европското Гранд при (Е6) во Вршац, Србија, и освои сребрен медал во силна европска конкуренција.

Патот до сребрениот медал:

Ведрана Тунески – Алија Мола (Франција) 2-1
Ведрана Тунески – Афра Караман (Турција) 2-0
Ведрана Тунески – Марина Савиди (Кипар) 2-0
Финале
Ведрана Тунески – Мелин Озтекин (Швајцарија) 0-2

Со пласманот во финалето Ведрана освои нови бодови пред Европското првенство и директен пласман на Финалното Гранд при.

„Ова не е случајност. Ова е резултат на талент, дисциплина, напорна работа и шампионски карактер“, велат од ТК Бутел.