Целиот свет го виде македонското знаме - благодариме Волкановски!
ОСТАНАТО
10/25/20261 min read


Еден од луѓето со знамето е Тоде Волкановски, таткото на популарниот Волк. Тоде е родум од селото Беранци, битолско, и горд е на своето потекло.
Борецот после победата и одбраната на шампионскиот појас, на социјалните мрежи објави фотографија со неговиот татко.
„Среќен сум што успеав да го завршам, не сакав да има пет рунди. Немам ништо друго освен почит кон Мовсар. Го удрив навистина силно. Се чувствував како да го погодив. И оттаму беше само прашање на техника. Благословен сум што сум тоа што сум. Среќен сум што можам да се занимавам со овој спорт. Го користам сето ова за да го развијам мојот личен бренд. Ви благодарам на сите за поддршката“, рече Волкановски.
