Цесар ни ја кажа вистината во лице: Македонија не припаѓа во врвот!
ФУДБАЛ
9/30/20261 min read


Репрезентацијата на Словенија рутински ја совлада Македонија со 2-0 на стадионот „Стожице“ во Љубљана, нанесувајќи ни нов пораз во шестиот последователен натпревар без постигнат погодок.
За новиот словенечки селектор, Боштјан Цесар, ова беше прва официјална победа (и први бодови) откако седна на клупата, па не го криеше задоволството од играта на своите избраници.
„Македонија знае да игра, има врвни играчи кои настапуваат во добри клубови, и мислам дека нашиот дефанзивен блок денес одлично си ја заврши работата. Момците одиграа перфектен натпревар, но не смееме да дозволиме да нè зафати еуфорија. Игравме против добра екипа, која сепак не припаѓа во самиот врв“, изјави Боштјан Цесар по дуелот.
