ЧУДО НА ГОДИНАТА: Комо постигна НЕВЕРОЈАТНИ девет гола!
ФУДБАЛ
11/5/20261 min read


Комо вчера приреди вистинска голеада на гостувањето кај Ленс, славејќи со неверојатни 9:1 во натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите. Италијанскиот тим „експлодираше“ на мечот во Франција каде Тасос Дувикас беше најзаслужен за убедливиот триумф со три постигнати гола.
Грчкиот напаѓач го отвори резултатот во седмата минута, а во 32. повторно ја затресе мрежата на домаќините. Нико Паз во 40. минута зголеми на 3:0, со што Комо веќе на паузата имаше убедлива предност. Во второто полувреме следуваше целосен распад на играта на Ленс. Лукас Да Куња погоди во 47. минута, Марк-Оливер Кемпф во 53., а Дувикас со својот трет гол во 57. минута ја продолжи гол-серијата на гостите. Во листата на стрелците се запишаа и Матија Либерали во 62, Мартин Батурина во 69. минута и Папациоли во 92. минута.
Единствениот гол за Ленс го постигна Рајан Агилар во 65. минута, но тоа не го ублажи срамот за домашните.
