Чупиќ: Игравме на високо ниво, но за Висла треба уште подобро!

РАКОМЕТ

10/4/20261 min read

„Мора да кажам дека бевме на високо ниво. Мислам дека појдовната точка не беше иста, ама од почеток до крај го контролиравме натпреварот. После овие два месеци колку што сме заедно со новиот тим, првпат одигравме добро за време на сите шеесет минути. Игравме феноменална одбрана ,со голмани кои нè пратеа. Направивме многу голема разлика.

Имавме многу голема самодоверба дека можеме да контролираме и да го приведеме натпреварот мирно кон крај со два бода во џеб. За Висла Плоцк треба многу повеќе. Не да го потценувам Охрид, но Лигата на шампионите е друго ниво. И со интензитет, и со судење, и со многу поквалитетни интернационалци. Висла последните 9–10 години е постојан учесник во Лигата на шампионите. Сигурно сме на вистинскиот пат. Ова ни е патоказ како сакаме да играме одбрана, да бидеме агресивни и да имаме трпение во нападот“, рече хрватскиот стручњак.

Вардар има четири дена да го подготви клучниот натпревар во Лигата на шампионите против Висла Плоцк.