Чупиќ: Имаме 2-3 играчи кои ќе играат првпат вакво дерби - ќе бидеме фаворит и не бегаме од тоа

РАКОМЕТ

10/29/20261 min read

Тренерот на Вардар Иван Чупиќ по натпреварот даде свој коментар за дуелот но и за дербито кое го игра неговиот тим во недела во Скопје.

Честитки за Мелсунген за пласманот во следната фаза, сега слушнав дека им било и нерешено доволно. За нас беше ова уште една школа, се гледа дека нашата екипа покажува карактер, се носиме со сите, но ни недостасува малку искуство или среќа за сега да правиме друг муабет.

Тоа е реалноста. Денеска бевме многу добри во одбрана, во нападот имавме малку проблем со шутот од надвор, потоа со ниски играчи бевме пофлуидни во нападот. Секој детал чини во овие натпревар, нас тоа не чинеше победа на овој натпревар. Треба да гледаме напред кон следните натпревари. Не сум задоволен само со бројот на освоени бодови, но се презентираме на еден убав начин, го презентиравме Вардар, македонскиот ракомет и балканскиот ракомет на еден вистински начин.

Ако го исклучиме мечот со Висла дома, сите натпревари беа неизвесни и до крај не се знаеше кој ќе победи. Но, ако ја погледнеме табелата, тоа е реалноста. Сакавме да поминеме групата, секогаш целиме високо, но тоа е што е.


Имаме 2-3 играчи кои ќе играат првпат вакво дерби, балканско дерби. Пелистер игра специфичен ракомет каков што никој од наша група во ЛШ не играше. Ние ќе бидеме фаворит, не бегаме од тоа и треба така да се поставиме во недела. Нешто ќе се прашува и Пелистер, но ние сме екипа која играше во ЛШ, која е шампион на Македонија и која има најдобар ростер според мене, па нема да бегаме од фаворитската улога. Секогаш барам повеќе од играчите, така ќе биде и овојпат.