Чупиќ: Млада екипа сме, со млад тренер, можеби..

РАКОМЕТ

10/15/20261 min read

По дуелот во Плоцк, краток во анализата беше вардаровиот тренер Иван Чупиќ.

„Три од четири натпревари губиме со еден гол разлика, така што тоа е нешто на кое мораме да работиме. Млада екипа сме, со млад тренер. Можеби на следните натпревари или, се надевам, следната година, малку подобро ќе ги одиграме овие неизвесни натпревари. Но, уште еднаш честитки за Висла, фер и коректен натпревар и победа на подобрата екипа“, џентлменски честита Чупиќ.

Во понеделник Вардар оди на дуел со Бутел, каде тренер е легендата на Вардар, Столе Стоилов.