Чупиќ остро: Нема глумење ѕвезди, ако некој не сака да игра за Вардар – има кој сака!

РАКОМЕТ

10/6/20261 min read

„Притисокот од навивачите постои, ама без него нема успех, нема голем Вардар. Мора притисокот да се сфати како привилегија. Не може секој да е тренер или да игра за Вардар. Да не беше така, овој клуб немаше да биде тоа што е без тој вид на притисок. Ако научиш да живееш и да работиш со притисокот, ќе научиш тој дрес и тие навивачи да ти даваат мотив и сила во добрите и лошите моменти. Мора да работиме како тим и водени од навивачите да играме за „Јане“ да биде наша тврдина, да играме без било какво алиби. Откако сум јас тука секогаш сме поставени така, притисок, повреди или било што – клубот е над сè. За мене тоа се нормални работи во ваква средина. Вардар е тоа што е бидејќи никогаш не се задоволуваме, кој и да победиме ние веднаш се насочуваме на следниот натпревар. Немаме ние комодитет како некои други екипи за да славиме победи по еден месец“, изјави Хрватот.

„Мислам дека лигата е подобрена од лани. Ако видиш дека фаворитите се мачат против дел од екипите кои се послаби, тоа е доказ. Сите имаат некои амбиции, сакаат да се борат и да останат. Се крева нивото и најважно е дека секој тим се бори за нешто. Кога од недела во недела се бориш за нешто, тоа носи неизвесност и борбеност во лигата. Не се само четирите екипи кои сакаат да бидат шампиони, туку секој има нешто да даде. Секое гостување е на свој начин тешко. Јас не прифаќам како тренер дека можеш да се опуштиш и дека постои лесен натпревар. Кога ќе дојдеш на терен како ѕвезда и не сакаш да се бориш, како што ние се прикажавме во Куманово, противникот сака да ве казни. Како тренер се борам да го исфрлам тоа, мора да бидеш на врвно ниво на секој натпревар, да го почитуваш секој противник. Тој натпревар во Куманово не беше првпат, се случуваа такви и лани. Тие работи не ги прифаќам, веднаш исфрлив играчи поради тоа и добија редуцирана минутажа. Ако некој не сака да игра, нема проблем - има кој сака да игра за Вардар. Мора да напредуваме, да го кренеме нивото низ сезоната. Оваа екипа ако лани не тренираше како што тренираше, немаше да ги истуркаме ниту досегашните предизвици“, откри хрватскиот стратег.

Вардарци вo четврток ќе го дочекаат тимот на Висла Плок во терминот од 20:45 часот. Билети се уште има во слободна продажба.