Чупиќ: Оваа сала Јане Сандански ќе биде неосвоива тврдина и понатаму, во мечевите од Лигата на Европа!

РАКОМЕТ

10/26/20261 min read

Мечот се игра вo среда во салата Јане Сандански со почеток од 18:45 часот, а на денешната прес конференција како најава за дуелот се појави тренерот Иван Чупиќ.

„Не чека за жал последниот натпревар во Лигата на шампионите. Мелсунген ќе дојде во Скопје да обезбеди пласман во главната фаза. По два порази дома годинава гордоста ни е повредена и на нас и на навивачите и токму тие заслужуваат со победа да ја завршиме лигата на шампиони со победа сезонава.

Одигравме пет меча како финале што се вели, а Мелсунген ќе пристигне во Скопје секако за да избори пласман понатаму во ТОП 12 фазата. Од друга страна ние мора да покажеме и на овој меч дека оваа сала Јане Сандански ќе биде неосвоива тврдина и понатаму, во мечевите од Лигата на Европа, изјави Чупиќ.