Чупиќ жестоко по ЕХФ: Вложуваме милиони за само шест недели во Европа - апсурд!

РАКОМЕТ

10/26/20261 min read

Предводникот на Вардар го крена гласот и сосема легитимно го постави прашањето зошто оваа сезона Лигата на шампионите се игра во овој формат. Ова е сосема неинтересен формат, каде многумина клубови многу рано ќе ги завршат настапите во ЛШ, нешто што не беше случај во минатото.

„Според мене, новиот систем на европските натпреварувања не е разработен до крај. За шесте или десетте најголеми екипи можеби е добар бидејќи можат да го балансираат составот, но на останатите екипи им се одзема многу. Прашањето е зошто десет месеци се бориме во домашното првенство за пласман во Европа ако потоа играме само пет или шест европски натпревари.

Без разлика дали станува збор за Вардар, Пелистер или Охрид, за само неколку натпревари може да ти заврши целата европска сезона. Ниту една сериозна екипа не може да напредува и да станува подобра ако игра само еден натпревар неделно“, рече Чупиќ.