Дали Оченаш ќе ни донесе среќа да го постигнеме тој гол!?
ФУДБАЛ
11/12/20261 min read


35 годишниот судија од Словачка Михал Оченаш е одреден за судија на утрешниот меч Шкотска-Македонија. Можеби овој судија ќе ни помогнe да конечно шутнеме на голот а можеби и да победиме оваа година!?
Името на словачкиот арбитер носи непријатно потсетување од јуни 2024 година. Оченаш го водеше натпреварот во Прага во кој Македонија беше поразена од Чешка со 1-2, а домаќинот ги постигна двата погодока од пенали. Особено спорен остана вториот удар од белата точка, досуден во деветтата минута од надополнувањето.
Во Глазгов крај аут-линиите ќе бидат неговите сонародници Адем Јекел и Тобиаш Пачак, додека Борис Марфетка е назначен за четврти арбитер. За видеопроверките ќе бидат задолжени Австријците Алан Кијас и Херланд Лехнер.
За Македонија ова е втора средба со Шкотска во актуелната групна фаза. На 3 октомври шкотскиот состав победи со 2-0 на македонски терен, а три дена подоцна следуваше и гостински пораз од Швајцарија со 0-3. Тие два настапа без постигнат гол се непосредната резултатска заднина пред ноемвриските обврски.
