Дали сакаме да ни се повтори срамот од 2001 година!?
ФУДБАЛ
10/1/20261 min read


Лоша е серијата која ја има нашата репрезенатција од 10 натпревари без победа, а повеќе од 600 минути немаме постигнато ниту еден гол.
Следен предизвик ќе биде дуелот против Шкотска, в сабота на арената „Тодор Проески“, репрезентација која како знаеме и умееме мора да ја победиме, во спротивно алиби изјавите на Седлоски веќе нема да имаат ни грам тежина.
Македонија треба да се обиде да не ја повтори неславната 2001 година. Таа кризна година, кога погледите беа насочени кон нешто друго во државава, а најмалку кон фудбалот, ја завршивме со 13 меча на кои немавме победа, значи имаме уште време за да не го повоториме овој црн неуспех или да го надминеме..
