Дерби во СЦ „Јане Сандански“: Вардар ги пушти во продажба билетите!

РАКОМЕТ

9/30/20261 min read

Дерби во Скопје. Во сабота уште една пресметка на Вардар и Охрид. Овој пат домаќин ќе биде тимот од Скопје.

Сите детали околу овој натпревари ви ги споделуваме во продолжение:

„Во продажба се пуштени билетите за средбата, која ќе се одигра со почеток во 19:00 часот, во СЦ „Јане Сандански“.

Пред црвено-црните е нов важен домашен предизвик, а поддршката од трибините повторно ќе биде значаен дел од борбата за нова победа.

Продажбата на билетите се одвива онлајн преку vtickets.mk.

Линк за купување билет:

https://vtickets.mk/event/rk-vardar-grk-ohrid/236

Цените на билетите, во зависност од избраниот блок, се:

– 300 денари

– 400 денари

– 500 денари

Обезбедете го своето место навреме и бидете со Вардар на уште еден домашен натпревар.

Да го исполниме „Јане Сандански“ и заедно да одиме по нова победа„, порачаа од Вардар.