Дербито на Македонија се игра во недела - Чкембари веќе започнаа со најава за дуелот
РАКОМЕТ
10/27/20261 min read


Нов месец и големо возбудување на ракометните терени во Македонија. Во недела се игра дербито на Македонија во ракомет. Вардар ќе го пречека лутиот ривал Пелистер во рамките на Супер лигата на Македонија.
Дефинитивно дуелот ќе биде одигран во недела во Скопје, засега само не е позната официјалната саатница за стартот на дуелот. Навивачите на Пелистер веќе започнаа да прават мобилизација за дуелот на социјалните мрежи, што значи дека ќе гледаме возбудлив ракомет и овој пат со две навивачки групи на трибините.
Вардар пак, утре игра натпревар од Лигата на шампините, а потоа ќе се насочи кон неделниот дуел со Пелистер. Засега билетите не се пуштени во слободна продажба.
