Диме Тодоровски и Дијабате му покажаа на ,,Гроф" дека не се за на клупа
ФУДБАЛ
11/8/20261 min read


По лошите порази од Тиквеш (потоа добиен) и Струга, Вардар им се врати на победите на секогаш за нив тешкото гостување во Кратово кај Силекс. Вардарци победија со 0:1 со голот на кој друг ако не Горан Закариќ кој оваа сезона е прва виолина во црвено - црните.
На овој дуел шанса од првата минута конечно добија Димитар Тодоровски и Сирики Дијабате и ја искористија во целост. Двајцата ги одиграа сите 90 минути и беа одлични на теренот, посебно дефанзивно, а голот за Вардар беше зачеток на акција токму од Тодоровски, а потоа Омерагиќ со одлична асистенција го пронајде Закариќ за гол на Вардар и на крајот победа.
Дека ,,Гроф" треба сериозно да смета на овие двајца во иднина покажа вчерашниот дуел. Сепак, доколку Дијабате играше против Струга како стартен дефанзивец можеби работите ќе беа поинакви, но тоа е веќе минато свршено време.
Со оваа победа Вардар намали три бода од Шкендија, а Силекс продолжува со лошите резултати. Сега лидер е Струга, која заминува на пауза како прва.
