Дончиќ: Ако не целиш на титулата, не знам што правиш овде!
КОШАРКА
9/30/20261 min read


Лука Дончиќ со големи амбиции ја почнува новата сезона во дресот на Лос Анџелес лејкерс, а неговата цел е јасна: борба за шампионскиот прстен.
Шампионската титула, бидејќи ако тоа не ти е целта, не знам што правиш овде. Би сакал сите, вклучувајќи ме и мене, да го даваме својот максимум секој ден – порача Дончиќ.
По заминувањето на Леброн Џејмс, тој ја презеде улогата на најголема ѕвезда на тимот и во новата сезона ќе има уште поголема одговорност.
Очигледно, ова е нов предизвик. Сум бил во ваква ситуација многу пати во текот на кариерата, така што ова не е ништо ново. Се чувствувам одлично и возбуден сум – додаде тој.
Дончиќ летово не настапи за словенечката репрезентација, што му овозможи дополнително време за одмор и за подготовка.
Долго време не играв за репрезентацијата, па имав можност малку повеќе да се одморам. И ментално и физички, во одлична состојба сум – истакна Словенецот.
