Дончиќ е НЕВЕРОЈАТЕН - МВП играње на Лука!!

КОШАРКА

11/5/20261 min read

Лос Анџелес Лејкерс го победија Сакраменто со 116:103 во НБА лигата. Ова беше седма победа на „езерџиите“ во деветтиот натпревар од оваа сезона и осмиот во кој незапирливиот Лука Дончиќ постигна над 35 поени.

Овој пат застана на 40, со одлична реализација од поле. Имаше 6/13 за три поени, 12/13 за еден, а забележа девет скока и седум асистенции.

Словенецот, по овој натпревар застана рамо до рамо со најголемите имиња во историјата на кошарката. Имено, тој е првиот играч по Мајкл Џордан и Вилт Чемберлен кој постигнал над 300 поени во првите осум натпревари од сезоната.

Дончиќ постигна 308, а Џордан 303 во сезоната 1988/89.

Вилт Чемберлен е недопирлив во оваа споредба со лидерите во НБА кои дојдоа по него – во сезоната 1962/63, тој постигна неверојатни 418 поени во првите осум натпревари.

Покрај Дончиќ, Остин Ривс беше најзаслужен за победата на Лејкерси со 21 поен. Вокер Кеслер постигна 15.

Во поразениот тим, Дариус Акуф Џуниор се истакна со 22 поени и 12 скока, Зак Лавин имаше 21 поен, а Домантас Сабонис 16 со 17 скока.