Џокерот на Седлоски е Омерагиќ од првата минута - грешка или правилен потег?
ФУДБАЛ
9/29/20261 min read


Вечерва со почеток од 20:45 часот, Македонија гостува во Словенија каде оди на поправен испит и каде ќе треба да го поправа впечатокот од бледото издание и високиот пораз во Скопје од Швајцарија.
Седлоски најави промени во почетниот тим пред се во нападот, па јасна е и промената во врвот на нападот. Азер Омерагиќ, капитенот на Вардар стартува од првата минута во Словенија и ќе биде задолжен да ја поправи реализацијата на нападите на Македонија. Јасно е дека Растодер се сели на клупата, а можеби и Миовски, па да имаме ново напаѓачко дуо со Малески од Струга, напаѓачите од ПМФЛ.
Дали е ова правилен потег и дали Омерагиќ ќе ја искористи довербата на Седлоски останува да видиме. Храбар потег на Седлоски, нема што. Или ќе предизвика добри реакции и ќе го прекинеме постот без даден гол или многу појјако ќе се ,,фрла со дрва и камења" по селекторот.
Прашањето ќе го дознаеме вечерва!
