Елмас испрати моќна порака до Швајцарците!

ФУДБАЛ

9/25/20261 min read

„Очекувам тежок натпревар, играме со силна репрезентација и знаеме каде стигнаа ова лето на Мундијалот. Сепак, ние сме максимално спремни и ќе дадеме сè од себе за позитивен резултат. Кога сме тука не гледаме на клупската ситуација. Овде даваме максимум и сигурен сум дека утре ќе извлечеме позитивен резултат“, порача Елмас, ставајќи го националниот интерес пред индивидуалните клупски осцилации.


„Ние бевме млади кога дојдовме, а сега ни е чест да ги пречекаме новите. Знаеме како е кога ќе дојдете првпат тука, на секој му е чест да игра за својата држава. Дури мислам дека и повеќе треба да им даваме шанса на младите да собираат искуство“, заклучи македонскиот репрезентативец, повикувајќи на трпение и верба во новата генерација.


Утрешниот меч ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток од 20.45 часот. Да навиваме за нашата Македонија.