Елмас, од тебе јавноста очекува многу повеќе!

ФУДБАЛ

9/27/20261 min read

Тежок, голем, многу голем пораз во една доста немоќна партија на македонската фудбалска репрезентација. Нешто не оди во репрезентација на Македонија, а како би одело кога играчите се тотално надвор од форма (со чест на два-тројца) исклучоци.

Вчеравечер од оној кој најмногу очекуваме, Елиф Елмас потфрли и според статистичките бројки беше дури и најслабо рангиран поединец на теренот. Навистина Елмас одигра една партија за заборав и делуваше многу немоќно на теренот.

Сакаме да го видиме Елмас во едно поинакво издание веќе во вторник, или во спротивно му се смешка клупата, но кој ќе го замени?