Фабрегас признава: Интер е многу подобар ривал
ФУДБАЛ
11/9/20261 min read


Екипата на Комо сезонава изненадува со добрите резултати. Тимот предводен од тренерот Сеск Фабрегас имаше шест победи по ред, од кои две убедливи во Лига на шампиони, па со многу оптимизам заминаа на гостувањето на „Џузепе Меаца“ кај Интер.
„Не го започнавме натпреварот на најдобар можен начин. Направивме неколку грешки и ни недостасуваше потребната самодоверба. Мораме да му честитаме на Интер, бидејќи тие беа очигледно подобриот тим на теренот. Ова е поинаков ритам за нас од оној на кој сме навикнати, со оглед на тоа што играме на секои три дена. Сакам да им се заблагодарам на момците за трудот што го вложија досега. Интер целосно ја заслужи победата и затоа мораме да им подадеме рака и да гледаме напред.
Барањата постојано растат, а ние мораме да продолжиме да работиме во таа насока. Не барам изговори. Тоа е фудбалот, а тренерот мора да се прилагоди. Моја одговорност е да ги пронајдам вистинските решенија“, објасни поранешниот шпански репрезентативец, а сегашен предводник на Комо од клупата
