Фадуил сам го победи Бутел на Стоилов

РАКОМЕТ

10/19/20261 min read

Црвено-црните го добија скопскиот дуел со Бутел на Стоилов со 38-30 и продолжија во победнички ритам во домашното првенство.

Вардар одигра ефикасен натпревар, со многу енергија и добра тимска игра, а во нападот посебно се истакнаа Матео Фадуил со 14 гола и Урош Митровиќ со 9, а кај Бутел Лука Јовиќ даде 7 гола.

Двајцата заедно постигнаа 23 од 38-те голови на Вардар и беа главната движечка сила во нападот. За Вардар следува ново гостување, овој пат во Франција.