Фадуил: Тажни сме и разочарани, бидејќи мислам дека сме навистина добар тим
РАКОМЕТ
10/15/20261 min read


По натпреварот на прес-конференцијата коментар за одиграното даде францускиот бек Матео Фадуил.
„Тажни сме и разочарани, бидејќи мислам дека сме навистина добар тим. Иако знаеме колку е квалитетна Висла, не заслуживме да сме во ваква позиција. Работевме многу, работевме напорно секоја седмица. Сепак, ова е Лига на шампиони решаваат детали. Во моментов сме со нула бодови, ама мислам дека можевме да имаме два или четири ако деталите беа на наша страна бидејќи двапати губевме со по гол разлика“, изјави Фадуил.
Вардар има уште две средби до крајот на оваа групна фаза.
