ФФМ со информација за билетите за натпреварот со Шкотска

ФУДБАЛ

10/27/20261 min read

Заинтересираните навивачи можат да ги купат билетите преку следниот линк:

Scottish FA – Online ticket sales

При купувањето на билетите, потребно е да се внесе промотивниот код: MACEDONIA_26.

За македонските навивачи првично ќе биде отворен секторот А2 на западната трибина, со капацитет од 539 седишта. Продажбата ќе се следи во текот на периодот на продажба, а доколку има потреба од дополнителен број билети, ќе биде отворен и секторот А3, со дополнителни 860 седишта.

ФФМ ги повикува сите навивачи кои планираат да ја бодрат Македонија на гостувањето во Шкотска навремено да ги обезбедат своите билети преку официјалната платформа и да ѝ дадат поддршка на нашата репрезентација. Натпреварот Шкотска – Македонија ќе се одигра на 13 ноември 2026 година.