(Фото) Дресот на Дибиров од РК Вардар доби место во Музејот на град Скопје!

РАКОМЕТ

11/12/20261 min read

Во пресрет на празникот 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на Вардар го посетија Музејот на град Скопје.

Во името на клубот, капитенот Васил Гогов на музејот му го подари дресот на клупската легенда Тимур Дибиров, носен на неговиот последен натпревар за РК Вардар. Веруваме дека ваков дел од вардаровата историја, кој потсетува на највисокиот дострел на клубот, а тоа е освојувањето на европскиот трон, заслужува свое место во Музејот на град Скопје.

РК Вардар упати огромна благодарност до навивачот на клубот, Александар Узуновски – Узун, кој го подари дресот, како и на Музејот на Град Скопје за гостопримството и можноста на ваков начин, заеднички да се потсетиме на датумот кој ја симболизира слободата и да оддадеме почит на генерациите кои истата храбро ја извојувале.