(Фото) Гори во Битола: Рустемовски доби овации и убав пречек!
ОСТАНАТО
10/13/20261 min read


Најблиските му приредија пријатно изненадување, славејќи го освоениот бронзен медал и успехот со кој уште еднаш го потврди својот потенцијал. За младиот битолчанец ова беше посебен момент по напорните денови минати во Црна Гора, каде што се натпреваруваше со најдобрите млади боксери од Европа.
Рустемовски имаше одличен настап на шампионатот, стигна до полуфиналето, но таму беше запрен од Британецот Чарли Кит, кој славеше со 4-1. И покрај поразот во борбата за место во финалето, македонскиот боксер се закити со бронзен медал и оствари значаен успех за себе, својот клуб и македонскиот бокс.
Синоќешниот пречек во Битола беше потврда дека зад секој спортски резултат стојат многу труд, откажувања и поддршка од најблиските. Арабел се врати дома со европско одличје, но и со дополнителна мотивација за нови предизвици и успеси. Битола има причина да биде горда. Рустемовски е млад боксер од кого допрва се очекуваат големи работи, а освоената европска бронза е уште еден важен чекор на патот кон неговите спортски соништа.
Браво!
