(Фото) Куманово сака спорт: Преполна сала и многу возбудување!
КОШАРКА
9/27/20261 min read


Куманово одигра одличен меч против МЗТ Скопје во Супер-купот на Македонија, но избраниците на Марин Докузовски потклекнаа во завршницата и не успеаја да стигнат до посакуваниот трофеј.
Разочарувањето е уште поголемо бидејќи мечот се играше во салата на Куманово, домашниот тим имаше огромна поддршка од трибините, но и тоа беше недоволно да се земе скалпот на големиот фаворит.
Сепак, едно големо браво за двата тима, за одличната борбена игра во уште подобриот амбиент со двете навивачки групи. Вака го личи спортот, со преполни сали и со две навивачки групи.
Фото: mkd.basketball
