(Фото) На сета фудбалска мака, се јави и Миленко со приказните ,,што би било, кога би било"
ФУДБАЛ
9/30/20261 min read


На сета фудбалска мака која и се случува на македонската фудбалска репрезентација во последно време, со своја приказна ,,што би било, кога би било" се огласи и Миленко Неделковски.
Извршниот директор на ФК Вардар се огласи на социјалните мрежи, само не знаеме што сака да каже со оваа порака, дали се пофали дека бил во контакт со сегашниот селектор на Словенија? На сета фудбалска мака, Неделковски продава празни муабети од типот да не станеше селектор на Словенија ми кажа дека ќе дојде во ФК Вардар.
Е затоа фудбалот не ни оди напред. Се дури се ,,фалиме" на социјални мрежи со вакви пораки - ќе дојдеше ако не го земеа Словенците, нема никогаш да не биде и нема да одиме напред!


