(Фото) Опуштено со кафенце за почеток
ФУДБАЛ
9/21/20261 min read


Македонската фудбалска репрезентација го имаше првиот собир по повод четирите меча на почетокот од циклусот во Лигата на Нациите.
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го имаше собирот по повод четирите натпревари во Лигата на Нации против Швајцарија дома, Словенија во гости, Шкотска дома и Швајцарија во гости.
Избраниците на Гоце Седлоски ќе имаат четири меча за само 14 дена, а од денеска од 18:30 часот ќе почнат и подготовките за тие мечеви.
Засега нема пријавено некој проблем со повреди, па така се очекува селекторот Седлоски многу брзо да ги има сите играчи на располагање.
