(Фото) Поради ова Израелецот доби црвен картон - пукаше или играше билијард?
ФУДБАЛ
9/25/20261 min read


Австријците го победија Израел со 3-1, но со два гола после 90-та минута и дури во финишот ја искористија бројчаната предност на терен која ја имаа од 56-та минута.
Израелецот Сајед Абу Фарки во 55-та минута даде гол во тој момент за 1-1, а откако прослави со своите соиграчи, непотребно отиде кај корнер знаменцето користејќи го за да имитира нешто што изгледаше како удар со стап за билијард или пукање со оружје. Судијата му даде жолт картон, негов втор, откако првиот го доби во 52-та минута. Абу Фарки се расправаше со судијата, но тоа не му помогна и мораше порано да го напушти теренот.
Инаку овој 20-годишен израелски напаѓач и во минатото своите голови ги прославувал исто.
