(Фото) Провокации во Скопје: Чкембари дојдоа и поставија знаме „Комити“ со боите на ЛГБТ-виножитото
РАКОМЕТ
10/30/20261 min read


Навивачката група Чкембари од Битола изведе герила акција во раните утрински часови во Скопје, непосредно пред претстојното ракометно дерби.
Во 02:30 часот по полноќ, тие поставија знаме во боите на ЛГБТ-виножитото, на кое беше испишано „Комити“. Фотографијата од акцијата ја објавија на социјалните мрежи, поточно на својот официјален Фејсбук профил.
Едно е јасно, во недела не очекува големото ракометно дерби, па посакуваме да помине се во фер и коректна атмосфера, па подобриот да победи спортски, на теренот.
Фото вест: 24chasa.mk
