(Фото) Тажен е нашиот фудбал: Погледнете на каков терен играа денес Шкендија (А) и Тиквеш

ФУДБАЛ

11/1/20261 min read

Екипата на Тиквеш освои бод на гостувањето кај Шкендија Арачиново, откако се избори за реми (1-1) во натпреварот од дванаесеттото коло на Првата македонска фудбалска лига.

Арно ама погледнете на фотографијата во какви услови за игра играа нашите прволигаши денеска. Срамно, жално - додека сите одат натпревар, додека во соседна Бугарија отвараат нов реконструиран стадион, ние се уште мака мачиме со терените во нашата Македонија кои личат на се, само не на фудбалски терени. И после сево ова, кога ќе сакаш да донесеш некој играч подобар во оваа лига, кога ќе ја види оваа фотографија секако дека ќе се откаже, подобро ќе игра во Малта или на Косово, oтколку во оваа наша фудбалска лига.

Сакаме успех, а немаме терени за фудбал.. жално!