(Фото) Жална слика: Дербито на колото го следат едвај 50 луѓе

ФУДБАЛ

11/2/20261 min read

Фудбалот во Македонија продолжува да тоне. Дербито на колото, дербито во кое се сретнаа шампионот на Македонија и еден од главните претенденти за титулата оваа сезона, Струга се игра во очајно лош термин од 14 часот во работен ден, арно ама тоа не е некој изговор бидејќи дуелите на Вардар откако стапија во бојкот ,,Комитите" ги следат едвај 50 до 60 луѓе на домашните мечеви.

Доказ за тоа е денешниот дерби. Сликата е тажна, многу тажна. Дуелот на ФФМ го следат едвај 50 луѓе, можеби оние oд фамилиите на играчите.. е до тука дојде ФК Вардар. Само направете споредба со вчерашниот дуел на ракометниот клуб Вардар и оној денес на ФК Вардар.

Навистина жална глетка, жална слика за нашиот најтрофеен клуб во државава!!