ФРАНЦУЗИТЕ ВООДУШЕВЕНИ: Ја имате најлудата публика во светот!!!
РАКОМЕТ
9/18/20261 min read


“Луд натпревар, неверојатна атмосфера. Знаевме дека е тешко да се игра тука, сепак ние бевме посреќни и стигнавме до победата. За мене ова е прво гостување тука и навистина беше неверојатно“ посочи Кожан.
И Тарафета не криеше дека е воодушевен од атмосферата…
“Најдобра атмосфера во светот, ја имате најлудата публика во светот. Тежок меч за нас, среќни сме што победивме“.
Вардар иако загуби, ги освои симпатиите не само на навивачите на Вардар, туку и на многумина во Франција и Европа.
