Гери Невил распали: Доста е, време е да го продадат Манчестер јунајтед!
ФУДБАЛ
10/30/20261 min read


Во најновата епизода од подкастот „Стик ту фудбал“, Рој Кин се обиде повторно да ја отвори темата за како семејството Глејзер се вмеша во работата на Манчестер јунајтед, но Гери Невил очигледно не беше расположен за оваа тема.
Преземањето на Манчестер јунајтед од страна на семејството Глејзер во 2005 година има контроверзна позадина, во која се вклучени Сер Алекс Фергусон, тркачки коњ по име Рок оф Гибралтар и жесток спор со двајца ирски милијардери.
Фергусон претходно имал блиски односи со Џон Мание и Џеј-Пи Мекманус, кои поседувале значителен удел во Манчестер Јунајтед.
„Никој не сака да зборува за коњот. Може ли да зборуваме за коњот?“
Глејзер потоа го комплетирал преземањето на клубот во вредност од 790 милиони фунти, финансирано преку задолжување, поради што Манчестер јунајтед се соочил со огромни долгови.
„Овој фудбалски клуб има долг од 1,2 милијарди фунти (1,6 милијарди долари) и тоа на одреден начин му ги врзува рацете“, изјави Невил.
Тој додаде:
„Потрошија вистинско богатство на играчи, веднаш се зад Манчестер сити во последните 15 години. Дале 1,4 милијарди фунти (1,86 милијарди долари) за фудбалери, втори се според потрошените пари, но голем дел од тоа е со одложено плаќање.“
Набргу потоа, поранешниот капитен на Јунајтед, Рој Кин, ја отвори темата за која многумина сметаат дека со години се избегнува.
„Како Глејзери воопшто се вмешаа во сето ова?“, го праша тој Невил.
Невил кратко одговори:
„Тоа го знаеме, Рој. Глејзери сега мора да го продадат клубот. Мора да го продадат. Извинете, но дојде време за тоа.“
Кин, сепак, не застана тука.
„Тука има еден коњ, знаеш на што мислам? Никој не сака да зборува за коњот. Може ли да зборуваме за коњот? Коњот е клучен“, рече поранешниот капитен на Манчестер јунајтед.
Додека Манчестер јунајтед продолжува да се мачи на теренот по разочарувачкиот летен преоден рок, Невил е се погласен во повиците кон фамилијата Глејзер за да се повлечат од клубот.
„Тие го препуштија управувањето со фудбалскиот оддел на ИНЕОС, кој сега се обидува да го води тој дел од клубот. Зад нив се три години проблеми, а изгледа дека и оваа сезона ќе биде тешка“, рече Невил.
