Го нема Џака ниту Емболо, но тука е човекот кој блесна на Светското првенство и за кој англискиот великан плати 70 милиони евра!

ФУДБАЛ

9/26/20261 min read

Вечерва на најголемиот стадион во државава ќе имаме појасна слика и претстава како изгледа фудбалската репрезентација на Македонија во овој момент и дали нешто поправила од минатите лоши натпревари.

Вечерва во Скопје гостува селекцијата на Швајцарија која има одредени проблеми со неиграње на важни играчи, но и репрезентација која има широк ростер и опасен. Дека се работи за доста квалитетна репрезентација која игра брз модерен фудбал покажа последното Светско првенство, каде Швајцарците традиционално одиграа добар турнир и оставија одличен впечаток, па за малку не ја елиминираа и Аргентина во 1/4 финалето.

Вечерва е познато дека ќе ги нема ,,првите виолини" Џака и Емболо, но да се потсетиме односно да ставиме акцент на момчето кое блесна на СП, а тоа е Јохан Манзамби. Манзамби по одличното СП каде блесна со неколку голови и асистанции, веднаш беше забележан од скаутите и си заработи трансфер во најсилната лига на светот. Манзамби од Фрајбург ова лето премина во Астон Вила во договор вреден околу 70 милиони евра со бонуси и веднаш се најави со гол и асистенција во пет натпревари.

Дека се работи за навистина квалитетен играч кој го краси пред се брзината, останува да видиме вечерва. Сигурно анализата на Седлоски се ставила со посебен акцент на овој играч, е сега како ќе биде на зелениот терен останува да видиме.