Го стигнуваат годините? Крај за Ѓоковиќ во Базел, Штруф го елиминираше
ТЕНИС
10/30/20261 min read


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на турнирот во Базел уште во осминафиналето, откако по голема борба загуби од Германецот Јан–Ленард Штруф со 2:1 во сетови (6:7, 7:5, 7:6). Мечот траеше два часа и 35 минути, а германскиот тенисер одигра одлично и стигна до првата победа во меѓусебните дуели со српската ѕвезда.
Клучен фактор за триумфот на Штруф беше неговиот сервис, преку кој освои голем број лесни поени, а мечот го заврши со дури 27 асови.
Ѓоковиќ прв го зададе ударот во неизвесниот дуел. Во првиот сет, Германецот беше сигурен на свој сервис, додека Србинот имаше предност во размените од основната линија. Сепак, одлуката падна во тај-брејкот, во кој Ѓоковиќ славеше со 7:4 и поведе со 1:0 во сетови.
Во вториот сет, Новак пропушти три можности за брејк, а казната стигна во најлош можен момент. При резултат 6:5 за Штруф, српскиот тенисер направи три двојни сервис-грешки во гемот, што му овозможи на Германецот да го освои сетот и да израмни на 1:1.
Решавачкиот сет донесе нова драма. Ѓоковиќ имаше уште две брејк-топки, но не успеа да ги искористи, па победникот повторно беше решен во таj-брејк. Таму Штруф остана смирен, продолжи со силниот сервис и го зададе завршниот удар за голема победа и пласман во четвртфиналето.
Таму Германецот ќе се соочи со Португалецот Нуно Боржеш, кој претходно го совлада Каспер Руд со 2:1 во сетови.
