Гоце е како виното: Четири гола против моќниот Нант!

РАКОМЕТ

10/22/20261 min read

Ракометарите на Вардар се вратија од Франција со два бода, откако вчера одиграа спектакуларен дуел и го победија моќниот француски тим на Нант среде Франција.

Еден од икс факторите во вчерашната голема победа беше ветеранот, човекот кој е како виното, а тоа е Гоце Георгиевски. Крилниот играч на Вардар одлично го замени Воркапиќ кој немаше свој ден. Георгиевски постигна четири погодоци, одигра одлично како во нападот така и во одбраната, што и самиот тренер Чупиќ беше многу задоволен од крилниот играч.

Секоја чест за Гоце, за кој годините се само број и кој потсети дека на него може да се смета и оваа натпреварувачка сезона.