Голем број на скаути доаѓаат да го следат Гаштаров -Македонецот го сврте вниманието кон себе!

ФУДБАЛ

11/8/20261 min read

Македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров го сврте вниманието кон себе со одличните игри во дресот на шампионот на Србија. По извонредниот настап каде беше најдобар поединец на теренот, во тешката победа на Црвена Звезда против Интер Ескалдес, Матеј одигра меч за паметење, буквално го имаше на секоја педа од теренот, а претрча и најмногу километри.

Оваа партија освен кај новинарите, предизвика бура од позитивни коментари и кај многумина светски скаути кој го препознаа талентот на македонскиот играч и кој веќе се доста загреани за него и го препорачуваат кај многу успешни клубови.

Според нашите информации, токму на следните два дуели на Македонија, голем број на скаути ќе бидат присутни и ќе го следат настапот на младиот Гаштаров.

Браво за нашиот Матеј и само напред.